Профил
Посветен инженер со цврсто разбирање на инженерските принципи и експертиза во проектирање, планирање и изведба на проекти. Вешт во организирање на теренски активности и обезбедување ефикасна реализација на проектите, со посветеност кон обезбедување на сигурни, економични и ефективни инженерски решенија.
Лиценциран судски вештак — Електротехника. Лиценциран проектант и изведувач (А категорија).
Искуство
јан. 2024 – денес
Релејна заштита
EVN
Трафостаници, хидроцентрали
Одговорности
- Одржување, тестирање и оптимизација на релејната заштита на дистрибутивниот систем
- Анализа на настани со дефекти, истрага на дефекти и изработка на извештаи
- Ревизија и подготовка на техничка документација
- Координација со тимови за проектирање, надворешни компании, проект менаџери, група за далечинско управување и трафо специјалисти
- Подготовка на тендерска документација, проценка на трошоци и надзор на нови проекти
Избрани проекти
- Реконструкција на ТС Васил Главинов 110/10 kV и изведба на ново трафо и далеководно поле
- Реконструкција на трафо заштита и имплементација на автоматска регулација на напон во ТС Куманово 1 110/20/10 kV
- Реконструкција на ТС 35/10 kV Крива Река
- Реконструкција на ТС 110/20 kV Тетово 2
- Изведба на нова ТС Перун 110/35 kV
авг. 2019 – дек. 2023
Проект менаџер
Eltek DOO
Трафостаници, хидроцентрали, автоматизација на индустриски процеси
Одговорности
- Проектирање и управување со тим инженери и техничари
- Планирање, организација и надзор на извршените активности
- Буџетирање, набавка и економска анализа
- Тестирање, пуштање во работа и конечни проверки на проектот
Избрани проекти
- Реконструкција на далеководно и трафо поле во ТС Аеродром 110/10 kV
- Замена на 110 kV разделувачи во ТС Прилеп 1 и ТС Запад
- Реконструкција на далеководно и трафо поле во ТС Козле 110/10 kV
- Реконструкција на трафо заштита во ТС Ѓорче Петров 110/10 kV
- Реконструкција на ТС 35/10 kV Росоман
- Реконструкција на ТС 35/10 kV Македонски Брод
- Проектирање, изведба и испитување на ТС 35/10 kV Вруток
- Каблирање, инсталирање и испитување на опрема за автоматизирање на линија за пластификација во фабрика Liberty
- Припрема за далечинско управување на ТС 35/10 kV Лескајца
- Реконструкција на ТС 35/10 kV Балван
- Реконструкција на релејно управување со PLC управување на машина за заварување во фабрика Liberty
Образование
15.10.2021 – 18.05.2023
Магистерски студии — електрични машини и автоматизација (Факултет за електротехника и информациски технологии)
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
15.10.2015 – 01.10.2019
Додипломски студии — Електроенергетски системи (Факултет за електротехника и информациски технологии)
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Дополнителни квалификации
- General Electric официјален тренинг центар | Билбао, Шпанија — заштитни релеи D60, T60, P740, F35, P54
- ABB (Hitachi) официјален тренинг центар | Белград, Србија — заштитни релеи REL 670, RED 670, RET 670
- Karunya Institute of Science and Technology | Коимбаторе, Индија — програмирање на невронски мрежи за детекција и класификација на дефекти во енергетска мрежа
- Министерство за правда — тренинг за вештак од областа на електротехника
- Лиценца во Комора на овластени архитекти и инженери во Македонија — изработка на проектна документација, категорија А
- Лиценца во Комора на овластени архитекти и инженери во Македонија — изведба, категорија А
Клучни вештини
- Лидерство и менаџмент
- Управување со тимови — распределба на задачи, следење на перформансите, менторство
- Планирање, организација и координација на активности
- Контрола на ресурси, опрема, возила и материјали
- Управување со проекти, буџети и техничка документација
Лични вештини
- Организација, прецизност, одговорност и проактивност
- Добри комуникациски вештини и меѓучовечки вештини
- Способност за работа и донесување одлуки под притисок
- Прилагодливост, аналитичност, самокритичност
- Стратешко размислување, решавање проблеми, тимска работа и координација
Софтверски вештини
Софтвери за проектирање
- AutoCAD
- Eplan
- Dialux
- ADMS (напредно)
MS Office
- MS Excel (напредно)
- MS Word (напредно)
- MS PowerPoint (напредно)
Софтвери за релејна заштита
- Siemens SIPROTEC 4 (диференцијални, прекуструјни релеи)
- Siemens SIPROTEC 5 (диференцијални, прекуструјни, дистантни релеи)
- Hitachi (диференцијални, прекуструјни, дистантни релеи)
- Schneider Electric MiCOM (прекуструјни релеи)
- General Electric (диференцијални, прекуструјни, собирнички, подолжно диференцијални, генераторски, дистантни релеи)